Се чистат мини диви депонии на неколку локации во и околу Крушево. Овие неколку локации се чистат во неколку наврати и ЈП „Комуна“ Крушево апелира да не се загадува просторот за да не се креираат депонии одново.
„Една од локациите е во близина на гробиштата, односно чешмата викана „Тухарица“, а втората локација која денес беше опфатена е во правец кон бензиската пумпа и Мечкин Камен. Овие места се „традиционални“ кога се работи за создавање мини депонии и затоа повторно апелираме да не се придонесува кон создавање на овие загадени простори“, велат од претпријатието.